Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ГИ НАБРОЈА: Девет земји го повлекле признавањето на Косово

ВУЧИЌ ГИ НАБРОЈА: Девет земји го повлекле признавањето на Косово

Србија тврди дека девет земји го повлекле признавањето на Косово. 

Тоа се Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција, Малдиви. 

Сега 106 држави во светот не го признаваат Косово, а 94 го признале. Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека ги чекаат многу предизвици во однос на Косово. Тој кажа дека не направиле ниту еден инцидент, ниту еден погрешен потег, но не можат да се спротивстават на големите сили како Германија, САД и другите европски земји. 

„Ние сме мали, но денес како стојат работите во светот, 106 земји не го признаваат Косово“, рече Вучиќ. 

Кажа дека и во УНЕСКО ќе се борат против Косово. 

Слично

Поврзани вести