Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ГИ УГОСТИЛ СРПСКО ВИНО: Вечера од српскиот претседател за Димитров и Рама-„Отворен Балкан“ ја продолжува соработката без остатокот на регионот

ВУЧИЌ ГИ УГОСТИЛ СРПСКО ВИНО: Вечера од српскиот претседател за Димитров и Рама-„Отворен Балкан“ ја продолжува соработката без остатокот на регионот

Нашето пријателство е пријателство за иднината на целиот регион“, рече српскиот претседател

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ беше гостин на вечерата што ја приреди Александар Вучиќ во Белград.

Со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, Вучиќ беа домаќини на Кривокапиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Македонија, Никола Димитров.

„Прекрасна вечер во ресторанот Салон 1905 со пријателите од регионот, Еди Рама, Здравко Кривокапиќ и Никола Димитров. Ана Брнабиќ и јас на нашите гости им претставивме одлични српски вина и можевме да ги споредиме со многу добри француски вина. Нашето пријателство е пријателство за иднината на целиот регион“, напиша Вучиќ на Инстаграм.



Кривокапиќ ја заврши дводневната официјална посета на Србија, при што одвоено разговараше со државниот врв.

Рама и Димитров вчера пристигнаа во Белград по повод денешната средба со Вучиќ, во рамки на иницијативата Отворен Балкан. 

Интензивирањето на економската соработка, зајакнувањето и унапредувањето на односите меѓу Србија и Црна Гора, кои беа главните пораки на вчерашните разговори меѓу лидерите на Србија и Црна Гора, нема да започне ниту да продолжи во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ бидејќи Црна Гора не е дел од неа, како Србија, Албанија и Македонија.

Премиерот на Црна Гора, Здравако Кривокапиќ вчера беше во прва официјална посета на Белград, па на средбите со премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ се разговараше за унапредување на соработката меѓу двете земји во сите области, особено во економската.

Кривокапиќ нема да остане во Белград поради иницијативата „Отворен Балкан“ што од вчера се одржува во Белград, но во Белград се премиерот на Албанија Еди Рама и вицепремиерот на Македонија Никола Димитров, бидејќи премиерот Зоран Заев поднесе оставка.

Тие денеска ќе се сретнат со претседателот на Србија, Вучиќ, а на таа средба ќе и претходи средба со претставници на компании од Србија, Албанија и Македонија, како и со претставници на Атлантскиот совет.

Договорот „Отворен Балкан“, кој во јули во Скопје го потпишаа претседателот на Србија и премиерите на Албанија и Македонија, треба да овозможи укинување на граничните контроли меѓу овие земји по неговото стапување во сила на 1 јануари 2023 година.

И тоа подразбира создавање на заедничка економска зона меѓу овие три земји. Според потписниците на договорот, тој се заснова на истите слободи на кои се заснова заедничкиот пазар на ЕУ: движењето на стоки, услуги, луѓе и капитал.

На овој регионален проект најпрво наречен „Мал Шенген“ се поканети и БиХ, Црна Гора и Косово, но овие земји засега не сакаат да бидат дел од оваа регионална соработка.


фото: инстаграм

Слично

Поврзани вести