Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Eсента нема да биде лесна, зимата ќе биде уште потешка

Вучиќ: Eсента нема да биде лесна, зимата ќе биде уште потешка

Ќе ни биде многу студена зимата, а следната поларна, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. Рече дека изгледа како никој да не сака решение. 

„Се плашам дека сите очекуваат пораз од другата страна. А ако мислевте дека воено лесно ќе ја победите Русија. Се надевам дека мора добро да се подготвиме за студената и поларна зима“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека земјите од „Отворениот Балкан“ ќе испратат писмо до Европската комисија за да добијат помош за увоз на струја.

„Ќе треба да донесеме многу важни одлуки, бидејќи ниту есента нема да биде лесна, зимата ќе биде уште потешка“, рече Вучиќ.

Објасни дека ќе беше целосна катастрофа за Србија доколку не купеше гас во мај и јуни.

„Ќе имавме 8 до 12 часа прекини на струја, што, како што знаете, сè уште го немаме“, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Европа поради енергетската криза мора да штеди. 

Западните економии воопшто, а особено на ЕУ и Британија, ги доживеаја највисоките цени на енергијата и инфлациските шокови во последните неколку децении.

foto facebook

Слично

Поврзани вести