Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ едвај чека да се вакцинира со третата доза

Вучиќ едвај чека да се вакцинира со третата доза

Не се знае дали ќе има нови анти ковид мерки во Србија, но српскиот претседател Александар Вучиќ едвај чека да се вакцинира со третата доза на вакцина против коронавирусот и ги повика граѓаните на Србија да се вакцинираат во што поголем број, пишува Блиц.

„Ќе ја примам третата доза после шест месеци, тоа би било во октомври. Едвај чекам да ја примам. Како што гледате, уште сум жив“, изјави Вучиќ.

За нови рестрикции, вели дека не е епидемиолог и не знае како ќе се одвиваат работите. 

Вучиќ рече дека вакцината не повредила никого, но им наштетила на многумина што не ја примиле вакцината. Тој објасни дека ќе се градат болници, има лекови, но понекогаш тоа не е доволно.

Денес имаат  1.650 новозаразени, а починале 5 пациенти.

Жителка на Крагуевац дури три пати се заразила со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести