Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ: Една голема европска земја ни се заканува дека мора да им извеземе брашно

ВУЧИЌ: Една голема европска земја ни се заканува дека мора да им извеземе брашно

Српскиот претседател Вучиќ утрово гостуваше во српската телевизија Пинк и ги повтори теориите за „вовлекување на Србија во стапица“ поради војната во Украина.

Тој се осврна и на проблемите на снабдувањето на земјата со нафта, но и со барањата до неговата држава да им извезат храна. 

Рече дека ќе мора да се бара нафта од други извори, ако нема од Русија.

„Се надевам на решение за нафтата, ако не е од Русија, ќе мора да бараме друг излез.

„Многу луѓе се смеат како да зборуваме глупости, а мал број луѓе се вклучени во обезбедувањето храна и се. Одговорните луѓе знаат каква е кризата на дело. Ние трошиме огромни количини гас, се бориме секојдневно , и се е во ред затоа што се снаоѓаме“, вели Вучиќ.

Потенцира и дека една голема европска земја се заканува дека ќе им извезе брашно.

„Кога политичарите од ЕУ зборуваат за храна, треба да бидеме свесни дека имаме голем проблем. Актуелна е борбата за суровини, а во случај на поголем хаос се поставува прашањето за увоз на нафта во Србија“, додаде Вучиќ.

„Ние немаме проблем со пченица, пченка и масло. Луѓето од соседните земји доаѓаат кај нас, пакуваат од овие производи во автомобилите и носат. Многумина користат трикови за да дојдат до нашето масло за јадење. Една голема европска земја дури и ни се заканува дека мораме да им извеземе брашно, ни велат - кажете Вучиќ дека „до вечерва ќе морате да ни извезете брашно“, а ние им кажуваме дека немаме време да се занимаваме со тоа и им одговараме за седум дена“, тврди Вучиќ.

Слично

Поврзани вести