Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ е „опседнат“ со Косово и вели дека нова војна ќе ги уништи

Вучиќ е „опседнат“ со Косово и вели дека нова војна ќе ги уништи

Во интервју за „Фајненшал Тајмс”, српскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е „опседнат” со Косово и дека без решение на тој проблем сè што е остварено до сега, нема да биде одржливо.

„Опседнат сум со Косово. Ако не го решиме тој проблем, сè што до сега сме постигнале нема да биде одржливо. Првата криза би не уништила”- изјави Вучиќ.

Вучиќ го поддржува членството во ЕУ како катализатор на промени нагласувајќи дека уште една војна би ја уништила земјата и иднината на српскиот народ засекогаш.

„Србија произведе повеќе историја од што може да прифати. Најважната работа е да се сочува мирот”- заклучи Вучиќ.

Toј наведе и дека јасно му порачал на рускиот претседател, Владимир Путин  дека Србија останува на европскиот пат. Вели дека не учествува на натпревар за што поголема популарност и дека нема потреба да биде сакан и прифатен.

Слично

Поврзани вести