Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Двајца Срби помогнаа во киднапирањето на Џуриќ

Вучиќ: Двајца Срби помогнаа во киднапирањето на Џуриќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ дополнително ја вжешти ситуацијата по апсењето на српскиот политичар Марко Џуриќ кој и покрај предупредувањето дека нема дозвола за влез во Косово, во жестока акција на косовските специјалци беше уапсен во Митровица, за време на дебата на локалните српски политичари. 

Вучиќ по итното свикување на Советот за безбедност, истакна дека овој брутален чин на косовските вооружени специјалци значи киднапирање на Џуриќ, а дека во тоа помогнале и двајца Срби од Косово.

„Сите кои учествуваа во киднапирањето на Марко Џуриќ ќе одговараат пред српските органи, вклучувајќи ги и двајцата припадници на српската националност кои учествуваа во логистиката“ изјави Вучиќ.

Српскиот претседател засега рече дека Србија ќе одговори со сите можни политички средства и освен конфузијата и провокацијата која ја предизвика со двајца припадници на српската националност на Косово не донесе никаква доза на уверливост во Белград и регионот. Се чини дека Вучиќ ќе постапува проевропски и освен за пред домашната јавност нема да предизвикува пошироки провокации.

Фото: alo.rs

Слично

Поврзани вести