Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Дронови на НАТО Скајларк вчера цел ден летаа околу Брњак и Јариње

Вучиќ: Дронови на НАТО Скајларк вчера цел ден летаа околу Брњак и Јариње

Не сме во конфликт со никого, но не можеме да дозволиме некој да ја шпионира нашата армија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

За соборувањето на беспилотно летало над воени објекти кај Рашка, тој изјави дека не е првпат такво летало да биде забележано над касарната на војската на Србија. Вели дека по повод тој инцидент „веднаш се гледа здружена активност против Србија“ и дека „работат на тоа“ за да се утврди кој го испратил дронот што беше соборен над Рашка. 

„Ги забележавме неколку дена претходно, а потоа ги предупредивме. Овој вид на извидување и незаконско разузнавање претставува еден вид агресија врз суверена земја“, изјави Вучиќ. 

Вели дека дронови на НАТО Скајларк „вчера цел ден летаа околу Брњак и Јариње“.

„Тие користат комерцијални дронови, мислејќи дека на овој начин нема да се утврди кој е сопственик и сторител на незаконски дејствија. Се друго лесно би се утврдило врз основа на воените елементи на кои им припаѓа. Мислам дека целиот свет знае кој што направил во Балтичкото Море во врска со Северен поток, па сите се прават наивни. Да се ​​правиме и ние наивни“, рече Вучиќ.

Србија предупреди дека ако забележат дронови на нивна територија ќе ги соборат и тоа го сторија. Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала вели дека Косово на ниеден начин не ѝ се заканило на Србија и не презело ништо со што би ја загрозило безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Слично

Поврзани вести