ВУЧИЌ ДОГОВОРА БИЗНИСИ СО ЗЕТОТ НА ТРАМП: Со кого сè седна српскиот претседател во Давос
Српскиот претседател
Александар Вучиќ на маргините на Економскиот форум во Давос се сретна и со
директорот на Affinity Partners, Џаред Кушнер со кого разговараше за
потенцијалот на Србија за големи и долгорочни инвестиции во безбедно деловно
опкружување.
Вучиќ на Инстаграм напиша дека Affinity Partners е еден од најголемите светски играчи на полето на големи инвестиции и дека детално презентирал дел од можностите за инвестирање во Србија, бидејќи сериозноста на земјата се мери според големината на инвеститорите кои се заинтересирани да прават бизнис таму.
„И во наредните денови ќе се борам нашата земја да го подигне имиџот на главен инвестициски центар во регионот на уште повисоко ниво“, напиша Вучиќ.
Affinity Partners е инвестициска компанија основана од Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во 2021 година.
Претседателот на Србија во Давос разговараше со премиерот на Шпанија Педро Санчез за темите на Светскиот економски форум.
„Со нетрпение го очекувам економскиот успех на Шпанија, за кој зборуваше Педро Санчез и продолжуваме да ги зајакнуваме односите меѓу Србија и Шпанија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Исто така, тој имаше средба и со белгискиот премиер Александар де Кро.
