Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ добил чудни информации за регионот, но ветува дека ќе го сочуваат мирот

Вучиќ добил чудни информации за регионот, но ветува дека ќе го сочуваат мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека добил чудни информации за регионот, но вети дека Србија ќе го сочува мирот. 

Како што пишуваат српските медиуми, Вучиќ открил дека добил некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови.

„Но, ние ги анализиравме и сè ќе биде во ред. Тоа се однесува на ситуацијата во регионот и ќе успееме да го зачуваме мирот. Слободно бидете мирни. Сакаме луѓето да живеат во слобода, да живеат во мир, да живеат од својата работа“, рече тој.

Инаку, Русија ѝ се закани на Босна со украинско сценарио. 

Рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов изјави дека БиХ има право да одлучи дали да се приклучи на НАТО, но Москва го задржува правото да одговори. 

Слично

Поврзани вести