Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија, за разлика од Хрватска, купила нови борбени авиони „Рафал“.
Тој вели дека вооружувањето на српската армија ќе продолжи. Одговарајќи на прашање од новинар во Ниш да го коментира тврдењето на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека хрватските авиони „Рафал“ се подобри од оние што ги купила Србија, Вучиќ нагласи дека Хрватска купила половни, а Србија купила нови авиони „Рафал“.
„Можеби старите се подобри од овие нови. Фактот дека се лажат себеси дека ќе ја добијат ракетата „Метеор“, ние нема, ќе ја добиеме ракетата „Мика“, нека продолжат. Сè најдобро за нив, старите се подобри од овие нови“, рече Вучиќ.
На прашањето зошто Србија и тој лично е постојана тема на медиумите во Хрватска, Вучиќ одговори дека во Хрватска, ако Србија не е тема, тогаш темата не постои.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ
