Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ: ДА ПРЕСТАНАТ ДА МЕ ВИКААТ АНТИВАКСЕР - следната недела ќе се вакцинира, кажа и со која вакцина

ВУЧИЌ: ДА ПРЕСТАНАТ ДА МЕ ВИКААТ АНТИВАКСЕР - следната недела ќе се вакцинира, кажа и со која вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави дека, ако новата испорака на кинески вакцини пристигне во Србија во понеделник, тој во вторник ќе отпатува за Рудна Глава, за да ја прими вакцината.

„Ако првиот дел од дозите од кинеските вакцини пристигнат во понеделник, како што е договорено, тогаш во вторник ќе одам во Рудна Глава, Мајданпек, да се вакцинирам, за да престанат лажно да ме прогласуваат за антиваксер“, рече Вучиќ , истакнувајќи дека исто така лажно го претставуваче кога рекол дека прв ќе ја прими вакцината, дека се грижи повеќе за себе, а помалку за народот. 

Тоа, додаде тој, го сториле неговите политички противници, исто како што се обидувале да ги убедат граѓаните дека Србија нема вакцина.

Тој наведува дека тие го сториле тоа во сите, „објективни и непристрасни медиуми, кои ги поседуваат овие политичари“.

Инаку, во Србија досега еден милион граѓани имаат примено и втора доза вакцина против коронавирусот.

Извор Блиц фото Тањуг

Слично

Поврзани вести