Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ЦЕЛА НОЌ РАЗГОВАРАЛ СО СРБИТЕ НА КОСОВО, УТРЕ СЕДНИЦА НА ВЛАДА - Наредните часови ќе бидат најтешки во последните 10 години

ВУЧИЌ ЦЕЛА НОЌ РАЗГОВАРАЛ СО СРБИТЕ НА КОСОВО, УТРЕ СЕДНИЦА НА ВЛАДА - Наредните часови ќе бидат најтешки во последните 10 години

Разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ со косовските Срби траеле цела ноќ, а еден од заклучоците по средбите е дека следните 72 часа ќе бидат најтешките во последните 10 години кога е во прашање Косово, дознава „Блиц“.

- Во живо и телефонски разговорите траеја до 5:30 часот утринава. Србите се револтирани. Последната капка беше разрешувањето на регионалниот директор на Северна Митровица, Ненад Ѓуриќ, за што Албин Курти нема ингеренции. Не може да се замени - вели извор на „Блиц“ запознаен со деталите од разговорот.

Според соговорник на Блиц, Курти вчера изјавил дека не го интересира Заедницата на српски општини.

- Србите сакаат да ги напуштат сите институции бидејќи немаат каде да одат - вели нашиот соговорник.

Според информациите на „Блиц“ за в сабота е закажана седница на Владата на Србија на која ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој ќе ги информира членовите на Владата за состојбата на Косово.

Низа средби ќе имаат и Србите од Косово, а во сабота се очекува голем собир во Косовска Митровица каде на народот ќе им го откријат својот план.

- Ова ќе бидат најтешките 72 часа во последните 10 години, а во следните неколку дена многу работи ќе станат појасни - заклучува соговорник на Блиц.

Слично

Поврзани вести