Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Борисов и Ердоган ми се пријатели, но нека ми простат за „Фолксваген“

Вучиќ: Борисов и Ердоган ми се пријатели, но нека ми простат за „Фолксваген“

"Знам колку се борат Бојко, Ердоган, Драгнеа и Јоханис, сите сме пријатели, но тоа е борба, борба за Србија. На тој ден, ако тоа се случи, ќе ги извадам очилата, ќе заплачам и ќе кажам - ја завршив својата работа . "

Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за емисијата "Чирилица" на телевизија Happy TV, цитирано од српски медиуми. Вучиќ во својата узјава мислеше ма бугарскиот премиер Бојко Борисов, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот и претседателот на Романија, Ливиу Драгнеа и Клаус Јоханис.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во телевизиско интервју синоќа дека неговата земја се бори да го привлече „Фолксваген“ при најтешки услови со уште четири земји - Бугарија, Романија, Турција и Украина, за инвестирање во фабрика во Србија.

Доаѓањето на "Фолксваген" направило суштинска разлика во Србија, рече Вучиќ и потсети дека тоа е најголемата автомобилска компанија во светот и само фабриките во Европа има 18 илјади работници . 

„Тие имаат неофицијален министер за надворешни работи, кој е во врска со сите најважни луѓе во Германија. Сите нив ги молев да ни обезбедат контакти", продолжува Вучиќ.


Слично

Поврзани вести