Вучиќ бил за разграничување со Косово, а пратеник се пошегува со него со зборите „Луташ бебе“
Ништо не кријам, мислев дека разграничувањето е решението, сфатив дека тоа е невозможно, бидејќи сите ми скокнавте на глава, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ пред пратениците.
Тој додаде дека некои потези ја отежнуваат позицијата. Српскиот претседател вели дека денес гледа како реално да ја согледа позицијата, затоа што политичката ситуација се променила во последните 28 години.
„Позицијата не може да биде иста пред и по 1999 година, ниту по 2008 година, ниту 2010 година, сето тоа носи нешто со себе“, рече Вучиќ.
Пратеникот во српското Собрание, Радомир Лазовиќ му се обрати на Вучиќ со стиховите на народната песна „Нека ствар“ на Маја Беровиќ. На седницата на која се разговарало за Косово, Лазовиќ му рече на Вучиќ: „Луташ бебе, си залутал од патот бебе“. Вучиќ рече дека ова е највисок степен на одговорност што можат да го покажат кога се зборува за Косово.
Инаку, вчера косовски Албанци нападнаа двајца Срби, кои со повреди завршија во болница.
