ВУЧИЌ БИЛ „НА ЛИНИЈА“ СО ПУТИН - Рускиот претседател му ги кажал причините за „специјалната операција“, еве што одговорил претседателот на Србија
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во телефонски разговор му честитал на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ за убедливата победа на претседателските избори и за многу значајната победа на СНС на парламентарните избори, се наведува во соопштението на Претседателството.
„Во оваа прилика на претседателот Вучиќ му посака среќа и успех на одговорната функција шеф на државата и напредок на Србија во следните пет години, со убедување дека Србија и Русија ќе ги зачуваат вистинските пријателски односи. Претседателот Вучиќ се заблагодари за честитките и рече дека Република Србија ќе продолжи да ја води политиката на европскиот пат, притоа зачувувајќи ги своите искрени и традиционални пријателски односи со Руската Федерација“, се вели во соопштението.
Двајцата претседатели ја анализиралеа економската состојба и билатералните односи во областа на енергетиката и трговијата, кои во 2021 година и првите два месеци од 2022 година бележат раст, што било добар знак за успешна соработка.
„Претседателот Вучиќ го информираше претседателот Путин за тешкотиите со кои се соочува Србија при увозот на сурова нафта и изрази уверување дека раководството на Гаспромњефт и Република Србија, како и партнерите од ЕУ, ќе најдат излез од таквата ситуација.
Воедно, претседателите Вучиќ и Путин изјавија дека долгорочниот договор за гас што го имаше Србија истекува на 31 мај годинава и дека е неопходно што поскоро да се отпочнат разговори за цената, количините и другите услови за набавка на овој за Србија многу важен енергенс“, било истакнато во соопштението.
„Конечно, претседателот Путин го информираше претседателот Вучиќ за настаните во Украина и за причините по кои Русија се раководи во, како што рече претседателот Путин ги нарече, операциите во Украина, а претседателот Вучиќ се осврна на веќе добро познатите српски позиции на претседателот Путин и заклучоците на Советот за национална безбедност, изразувајќи надеж дека конфликтот во Украина ќе заврши што е можно поскоро“, се наведувало во соопштението од кабинетпот мна претседателството.
Извор: Блиц.рс