Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВУЧИЌ: Белград ќе има летечко такси во 2027 година

(ВИДЕО) ВУЧИЌ: Белград ќе има летечко такси во 2027 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека иако некои се смеат, сепак во Србија ќе има летечко такси. 

Тој во последните два дена, двапати најави дека во Белград ќе има летечко такси во 2027 година.

„Во моментов Кинезите се единствените во светот способни за она што ни е целта, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, колку и да ви изгледа чудно на вас или мене“, вели српскиот претседател. 

Рече дека ќе се потрудат да бидат први или втори во Европа што ќе воведат летечки такси, до 2027 година. 

Додаде дека работат со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска.


Слично

Поврзани вести