Вучиќ бара начини дополнително да им помогне нa Македонија и Црна Гора во имунизацијата
Србија бара начини дополнително да им помогне нa Македонија и Црна Гора во вакцинирање на населението.
Ова го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој не разбира како може некој да критикува затоа што странски државјани допатувале во Србија поради вакцинирање. Вучиќ рече дека Србија не може да биде спасена, ако се загрозени соседите.
„Ние не сме пуст остров, живееме заедно со другите“, рече тој.
Србија викендов го обедини Балканот, а граѓани од сите земји од нејзиното соседство доаѓаа таму на вакцинација. Вакцините кои се аплицираа во саботата и неделата, а кои ги примија и многу македонски граѓани, имаат рок на траење до почетокот на април.Но, премиерката Ана Брнабиќ утрово за телевизија Хепи рече дека сиот процес не бил изведен поради тоа. Сепак потврди дека Србија не сакала да фрла вакцини. Во Србија секој ден има над 5.000 заразени.
Слично
