Вучиќ: Ако Србите почнат да ги организираат изборите, албанската полиција ќе пука во нив
Српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС 2 изјави дека сега на Косово владее општа хистерија во која е речиси невозможно да се зборува рационално.
„Тоа беа најголемите протести во Грачаница во последните неколку години, а богами и во Косовска Митровица“, вели Вучиќ.
Според него, ако Србите почнат да ги организираат изборите, албанската полиција ќе пука во нив.
Тој вели дека најважно му е да избегнуваат конфликти, но дека не ни паѓа на памет да ја признаеме независноста на една лажна држава.
Србите на Косово денеска протестираа и бараат Европа да го запре изживувањето на косовскиот премиер Албин Курти.
Србите во Косово протестираа против одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не се гласа за српските избори во Косово.
Србите се побунија затоа што Косово го крши Бриселскиот договор. Насобраните граѓани носеа транспаренти „Курти, го уништивте бриселскиот договор, уништивте сè“, „Европа запри го изживувањето на Курти“, „Ги чуваме нашите домови и децата во мир“, „Само ги сакаме нашите човекови права“ и други.Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
