Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Ако не го прифатиме планот на Шолц и Макрон, последиците нема да бидат лесни! (ВИДЕО)

Вучиќ: Ако не го прифатиме планот на Шолц и Макрон, последиците нема да бидат лесни! (ВИДЕО)

Претседателот на соседна Србија Александар Вучиќ се обрати до јавноста по седницата на Советот за национална безбедност.

- Последиците ми се презентирани и сигурно нема да ѝ бидат лесни на Србија! И тука би одговорил на лажните патриоти кои тоа го потценуваат, кои беа на власт и станаа патриоти дури откако ќе го завршат престојот на власт – рече Вучиќ.

Во Белград денеска се одржа седница на Советот за национална безбедност

Претставниците на Србите од Косово, по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најавија дека ќе постават блокади доколку косовските власти ги отстранат регистарските таблички од возилата кои не се регистрирани според косовските закони.


Владата на Косово побара сите граѓани до 31 октомври да ги заменат регистарските таблички на косовските градови, издадени од Србија, со оние на Република Косово. Доколку граѓаните не го направат тоа самите, надлежните ќе им ги одземат ознаките. Косовскиот премиер Аљбин Курти претходно изјави дека нема да има продолжување на рокот за предрегистрација и потсети дека Косово веќе еднаш го продолжи тој рок.

И по неколку обиди претставниците на Србија и Косово не успеаја да се договорат, а претставниците на косовските Срби кои живеат во четири општини на север најавија дека со блокади ќе ја попречуваат промената на регистарските таблички.


Фото: Screenshot Tviter
Слично

Поврзани вести