Вучиќ: 25 отсто Албанци се конститутивен народ, а 28,7 посто Срби немаат никакви права
Српскиот претседател Александар Вучиќ во своите се пожестоки критики за контроверзниот закон за верските слободи во Црна Гора наведе дека во оваа земја, додека 25 отсто Албанци се признаени како конситутивен народ во Македонија, процентуално поголема српска заедница нема никакви права.
Вели дека ова прашање ќе го поставува постојано на меѓународната заедница, пренесе „Блиц“.
„Како и за Косово, Макрон ми рече „во право си, но…“. Како е можно 25 отсто Албанци во Северна Македонија да бидат конститутивен народ, имаат свој јазик, претседател на Собрание, потпретседател на влада, а 28,7 отсо Срби во Црна Гора немаат никој и никакви права“ изјави Вучиќ.
Според Вучиќ, тоа треба да биде потврдено и на пописот во Црна Гора планиран за во 2021.
