Вучиќ: За нас е важно проблемите во Македонија што побргу да бидат решени
Српскиот премиер Александар Вучиќ посакува актуелните проблеми во Македонија што побргу да се решат.
Смета дека на никого на Балканот не му е потребна украинизација на Македонија. Додава дека Македонија треба да остане стабилна држава, а тие не сакаат да се мешаат во внатрешните работи за разлика од некои земји.
„Му посакуваме мир на нашиот братски народ, сакаме стабилност, не сакаме да се мешаме во внатрешните односи, но им посакуваме успех во решавањето на проблемите. Србија е стабилна и сигурна земја, но важна е и стабилноста во регионот. За нас е важно проблемите во Македонија што побргу да бидат решени“ - изјави Вучиќ.
Срските медиуми деновиве пишуваа за состојбата во Македонија и незадоволството на граѓаните од одлуката на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов за аболиција на функционери.
