Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Војната не носи среќа, некои народи сонуваат лудачки сонови

Вучиќ: Војната не носи среќа, некои народи сонуваат лудачки сонови

Екстремизмот јакне во сите земји од Западен Балкан, што не претствува добра вест, изјави премиерот на Србија,  Александар Вучиќ при гостување во телевизијата Б92.

Додава дека војната не носи добро никому и во Србија нема да се слави фашизам. За Хашкиот трибунал кажа дека таму има повеќе политика, отколку правда.

„Такви екстремни ставови постојат и во Европа, а некои влади дури ги преземаат политиките на тие (ектремистички) групи за да се заштитат од притисоците. Без разлика на промените во расположението, јас не сакам да правам компромиси со таквите идеи. Станува збор за политики кои скапо ја чинеа Србија. Долго се бороевме Србија да биде столб на стабилноста во регионот и да го зголемиме угледот на земјата во светот. Не смееме да дозволиме тоа да биде урнато преку ноќ“- кажа Вучиќ.

Српскиот премиер вели дека враќањето кон минатото и кон судирите би било катастрофа за Србија, додавајќи дека тој не би сакал да биде претседател на Влада која би „морала да соработува со протагонистите на нестабилноста на регинот“.

Слично

Поврзани вести