Вучиќ во Албанија: Го сметаме Косово за дел од Србија
Србија ќе продолжи да го третира Косово како свој составен дел. Тоа го изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, кој е во прва официјална посета во албанската престолнина Тирана.
"Факт е дека не се согласуваме за Косово и Метохија. Србија ќе го третира и ќе продолжи да го третира (Косово) како составен дел, додека Албанија го третира Косово како независна држава", посочи Вучиќ.
За време на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, тој истакна дека Србија и Албанија, и покрај различните ставови кон Косово, не треба да ги изоструваат своите односи, но мора да ги почитуваат разликите и да најдат заеднички јазик меѓу себе.
Српскиот премиер истакна дека двата народа се соседи и такви ќе останат, токму затоа сите проблеми треба да се решаваат преку дијалог. "Односите на Србија и Албанија се важни за Балканот. Односите секогаш можат да бидат подобри", дополни тој.
Слично
