Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Тачи не знае што е геноцид

Вучиќ: Тачи не знае што е геноцид

Србија има подготвено детален одговор за намерите на министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи да покрене обвинение против властите во Белград за извршен геноцид.

Тоа, го изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ за време на посетата на Албанија.

„Морам да признаам дека не го разбирам таквото однесување. Јас лично ги почитувам моите соговорници, како во Брисел, така и на други места. Не се плашам од ниту еден од нив. Хашим Тачи не е правник и тој не се разбира што е точно тоа геноцид“ , истакнал Вучиќ за српската државна телевизија „РТС“.

Според него со овие намери на Приштина се обид да го одвлече вниманието од создавањето на Специјалниот суд, кој треба да биде формиран до петок.

„Дајте да не зборуваме за работи кои немаат никаква врска со реалноста“, додал уште српскиот премиер и појасни дека „Србија се однесува сериозно кон овие намери на Приштина и поради оваа причина се подготви за одговор“.

Слично

Поврзани вести