Вучиќ: Србија нема да влезе во НАТО, поддржуваме неутралност
Србија нема намера да влегува во НАТО или други воени сојузи, изјави премиерот Александар Вучиќ.
Според него Белград „ревносно“ се придржува кон неутралност.
„Ако Србија се придржува кон воена неутралност, тоа е затоа што има решение на Собранието по прашањето. Србија не сака да биде член на никој воен сојуз“, рече Вучиќ во интервју за телевизијата „Русија-24“, пренесоа агенциите.
Тој истакна дека „Србија нема да влезе во НАТО, таа никаде нема да се приклучи, таа ревносно ја брани својата воена неутралност“.
Пред неколку дена министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ го изјави истото - дека неговата земја нема амбиции да влезе во НАТО.
Слично
