Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Србија нема да прифаќа економски имигранти

Вучиќ: Србија нема да прифаќа економски имигранти

Србија нема да прифати економски имигранти, ако Словенија, Унгарија и Хрватска не го прават истото. Тоа го изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ за време на прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесоа агенциите.

Според него спротивното би значело земјата да ја преземе целата тежина.

Вучиќ тврди дека Белград е подготвен да им помага на своите соседи, но се очекува комплексно решение на Европската унија (ЕУ) по прашањето со бегалците.

„Во овој случај Србија ќе се согласи со секое решение“, но со предупредување дека неговата земја нема да прифати да се менуваат некои правила, а кон земји да останат други.

Вучиќ не ја пропушти можноста да му се заблагодари на Доналд Туск за тоа дека ја слушнал српската позиција по прашањето. Од своја страна претседателот на Европскиот совет коментирал дека земјата може да се потпре на постојана поддршка од страна на ЕУ во врска со кризата со мигрантите.

Според зборовите на Туск неговата посета на Белград цели кон дискусија на темата. Покрај тоа, тој вети и европска финансиска поддршка за Србија.

„Ќе побарам од лидерите на ЕУ да го поддржат Западен Балкан, кој се најдоа на првата линија. Ако сакаме да го задржиме Шенгенот, треба да го поддржиме Западен Балкан“, додал Туск. Тој посочува дека во моментов ЕУ работи на зајакнувањето на надворешните граници со Грција, што се очекува да доведе до помал број на мигранти кои пристигнуваат во Србија.

Во моментов нема одговор на бегалската криза, што наметнува можно побрзо откривање на комплексно решение, додава Туск. За целта е потребна соработка со партнерите од Балканот и Блискиот Исток.

„Настаните го потврдија моето верување дека најефективна контрола на надворешните граници е од суштинско значење. Тоа не е решение за сите проблеми, но е неопходен услов за да се оди напред“, истакнал тој. „Поради недоволната контрола на надворешните граници помеѓу ЕУ и Турција некои земји од регионот ја зајакнуваат контролата на своите граници. Не можеме да ги осудуваме за тоа, но за Европа би било подобро да се преземаат заеднички активности“, коментирал Туск.

Според него миграциската криза е невиден предизвик што бара блиска и постојана соработка.

Слично

Поврзани вести