Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Србија е подготвена да ја намали зависноста од рускиот гас

Вучиќ: Србија е подготвена да ја намали зависноста од рускиот гас

Премиерот на Србија најави дека неговата земја ќе го прифати повикот на САД за да ја намали зависноста од рускиот гас додавајќи поддршка од Вашингтон за гасоводот од Азербејџан за Европа.

„За енергетската безбедност, подготвени сме за диверзификација на изворите на гас за Србија, што е многу важно за нашите американски пријатели“, изјавил Александар Вучиќ во интервју за „АП“.

САД го поттикнуваат Балканот и други држави да продолжат со изградбата на Трансадриатскиот гасовод кој ќе пренесува азерски гас од Каспиското Море до Италија.

Западот ја обвинува Русија дека го користи гасот како инструмент за наметнување на политичко влијание во земји како Србија.

Србија, е традиционален руски сојузник, кој сака да се приклучи кон ЕУ, веќе го изрази својот интерес поддржан од Москва за проект „Турски поток“. Со изразена поддршка од Вучиќ за Трансадриатскиот гасовод тоа е голема промена во политиката на Србија.

„Не станува збор за балансирање, нашата стратешка цел е патот кон ЕУ и ние сме категорични во овој пат“, истакнал тој, но додаде дека од друга страна сакаат да ги задржат добрите односи со Русија.

„Има ли нешто лошо во тоа. Не гледам, вие? Не зборуваме за позајмување или избирање на страна, нашата земја е пат кон ЕУ, нашата земја е интересот на Србија“, додал тој.

Според него добрите односи со Вашингтон се многу важни за Србија на патот кон ЕУ.

Слично

Поврзани вести