Вучиќ порача: Бомбата нема да ме исплаши
Фрлањето на бомбата во Зубин Поток нема да го исплаши, ниту да ја спречи посетата на Косово, порача српскиот премиер Александар Вучиќ.
Подготовките за митингот на Косово се во тек, а полицијата трага по лицата кои ја фрлија бомбата.
„Силната Србија ништо не може да ја исплаши. Ако некој мислел дека ова ќе ме застраши, морам да му кажам дека такво нешто нема да се случи“ - изјави Вучиќ.
Тој вели дека Србија своите интереси и на Косово може да ги заштити „само ако има пријатели во Брисел, во Берлин и во Москва“.
Кон спортската сала Зубин Поток во Косово, каде денеска треба да се обрати Вучиќ, рано утринава е фрлена бомба и е пукано од автоматско оружје.
Слично
