Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Платите ќе бидат 500 евра до 2018 година

Вучиќ: Платите ќе бидат 500 евра до 2018 година

Српскиот премиер, Александар Вучиќ најави дека до 2018 година платите во земјата ќе бидат до 500 евра.

Тој објаснува дека во првите 4 месеци од оваа година економијата е добра, а платите и пензиите се стабилни и редовни. Вучиќ вели дека во иднина може да се очекува раст на платите и пензиите.

„Ако вака продолжи, а  тоа значи да немаме дефицит, а имаме суфицит од 1.6 милјарда динари, огромен дел од каматите плативме, околу 45% од претходните „генијални“ кредити. Платите се исти или за нијанса помали од 2013 година, но во приватниот сектор платите растат. Платите ќе бидат поголеми и до 500 евра до 2018 година, но на здрави економски нозе“-вели српскиот премиер.

Ако Србија ја помине четвртата и петтата ревизија на ММФ, може просветните работници да очекуваат покачување за 10%, а на другите да им се врати она што им е одземено.

Слично

Поврзани вести