Вучиќ: Нема референдум, Србија нема да влезе во НАТО!
Србија нема да прави референдум за прашањето за пристапување на земјата кон НАТО, порача премиерот Александар Вучиќ пред телевизија РТС.
Тој увери дека Србија нема да влезе во НАТО, и дека земјата сака да биде неутрална воено.
„Србија не е изразува желба да се приклучи кон НАТО сојузот“, рече Вучиќ.
Според него се крена многу врева за законот за потврда на договорот меѓу Србија и НАТО, кој неодамна беше ратификуван од парламентот и потпишан од претседателот, и кој се однесува на „технички договор“, потпишан во 2006 година.
„Нашата политика е таква - ја сакаме Србија, ја почитуваме Русија, ја почитуваме Америка, одиме кон ЕУ, но пред се ја сакаме Србија“, рече Вучиќ.
Слично
