Вучиќ: Нема да дозволиме понижување на српскиот народ
Нема да дозволиме понижување на српскиот народ. Тоа, го изјавил пред почетокот на новата рунда од преговорите меѓу властите на Белград и Приштина во Брисел, српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат агненциите.
Преговорите се водат со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.
„За Владата во Србија од особено значење е договорот за српските општини, телекомуникациите, енергетиката и мирот“, кој се наоѓа во градот Косовска Митровица, додал уште Вучиќ.
Мостот „Паркот на мирот“ ги дели двете заедници - етничките Албанци и етничките Срби.
Ова е трета средба меѓу Вучиќ и неговиот косовски колега, Иса Мустафа. Првично делегациите имаа одделни состаноци со Могерини и потоа почнаа заедничка средба.
Од српската делегација соопштија дека за земјата е од особено значење спроведувањето на бриселскиот договор и неговото спроведување. Вучиќ и Могерини изразиле загриженост во врска со стабилноста на Западен Балкан.
