Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Не треба трагедијата во Париз да се користи за поттикнување на омраза

Вучиќ: Не треба трагедијата во Париз да се користи за поттикнување на омраза

По Париз, а и по Бејрут, задачата на сите треба да биде запирање на омразата. Ова се вели во авторскиот текст на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, објавен во српскиот весник „Alo“.

Според зборовите на Вучиќ светот мора да најде начин да се справи со тероризмот и да обезбеди нормален и сигурен живот на сите - како на оние во Париз, така и на оние во Сирија.

Цитирајќи го пророкот Мухамед, Вучиќ истакнува дека единственото нешто што е важно, е стравот од Бога и личните квалитети.

„Бојата и верувањата не играат никаква улога. Сите луѓе се потомци на Адам“, пишува Вучиќ.

Според него Србија, во која поминале стотици илјади бегалци, се обидува да го прави тоа од моментот кога на нејзината граница се појавија првите жртви на истата судбина која го снајде Париз. Според него зборовите на пророкот Мухамед се доказ дека во Париз не се судрија исламот и цивилизациски вредности, создадени во Француската револуција, туку токму спротивното - овој петок сите религии и сите вредности беа жртва на бесмислен терор.

Тој уште истакнал дека секој кој ќе се обиде да ја користи париската трагедија за ширење на омраза против муслиманите, ќе биде на истиот крвав пат како оние кои пукаа во невините луѓе во Париз.

Слично

Поврзани вести