Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ најави вонредна ситуација во цела Србија

Вучиќ најави вонредна ситуација во цела Србија
Ако врнежите од дожд продолжат до 21 часот, ќе биде прогласена вонредна ситуација во цела Србија, најави премиерот Александар Вучиќ. Со Европската Унија е договорена помош од 1.2 милиони евра за поплавените домаќинства. Премиерот го посети селото Дљин во општина Лучани, каде се изли реката Бјелица и поплави куќи, помошни објекти, ниви и пластеници. Водата е испумпана и сега се поплавени само нивите. Вучиќ им рече на граѓаните да не се грижат, затоа што ќе добијат пари со кои ќе ги надоместат штетите. „Важно е да ги спасиме животите“-рече тој. Српскиот премиер ги обиколи и фабриките во близина и за нив вети помош.  
Слично

Поврзани вести