Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Европскиот пат на Србија зависи од преговорите со Косово

Вучиќ: Европскиот пат на Србија зависи од преговорите со Косово

Европската интеграција на Србија зависи од напредокот на преговорите и нивниот успех помеѓу властите во Белград и Приштина. Тоа го изјавил српскиот премиер Александар Вучиќ на државната телевизија „РТС“.

„Тоа се тешки преговори, но Владата ги прави сите можни напори за напредокот по европскиот пат“, изјавил Вучиќ и прецизирал дека тоа е стратешка цел.

Вучиќ повтори дека Србија нема да воведе санкции против Русија.

Премиерот тврди дека има „докази за обидите на локалните олигарси да го соборат управувањето. Овие докази ќе ги дадам во судот, ако бидам повикан да ги дадам доказите за своите тврдења“, изјавил Вучиќ.

„Олигарсите нема да управуваат со Србија и јас ќе се борам против таквото нешто. Не е задолжително да сум на власт, но јас ќе се борам. Нема да биде лесно со олигарсите и неспособните луѓе. Не тврдам дека тие се антисрпски настроени, но тие не се способни да ја водат државата“, изјавил Вучиќ. Меѓу олигарсите за кои говори Вучиќ, беше и сопственикот на „Делта холдинг“ Мирослав Мишковиќ.

Вучиќ изјави дека „за три дена“ ќе биде потпишан договорот со холандската фирма „ХПК инженеринг“ за управување со металуршки комбинат во Смедерево за следните 18 месеци. „ХПК инженеринг“ е американско-словачка компанија.

Според него сите работни места ќе бидат резервирани и за само 6 месеци металуршки комбинат ќе стане профитабилна фабрика.

Слично

Поврзани вести