Вучиќ дециден Србија нема да воведе санкции против Русија
Србија нема да воведе санкции против Русија, потврдил премиерот Александар Вучиќ, на состанокот денес со рускиот претседател Владимир Путин.
Во исто време Вучиќ изјавил дека сите важни прашања за земјата како избори, евроинтеграциите, референдуми, ќе се решаваат токму од Србија, а не во Москва или друг центар на политичката и финансиска сила.
Вучиќ и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка во рамките на ОН и други меѓународни организации, каде што „Србија се обидува да го заштити не само својот територијален интегритет, туку и својот слободоумен дух и својот начин на живот“.
Путин од своја страна го оценил позитивно испраќањето на земјоделски производи од Србија и истакнал дека стоковната размена помеѓу двете земји се зголемува. Тој посочил дека увозот на земјоделски производи од Србија се зголемил за 40%, што е добар показател.
