Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ чека разговор со Путин – ќе бара нов гасовод низ Србија

Вучиќ чека разговор со Путин – ќе бара нов гасовод низ Србија
Српскиот премиер Александар Вучиќ очекува во следните неколку дена да разговара со рускиот претседател Владимир Путин поради најавите за прекин на плановите за изградба на гасоводот Јужен тек. Тој верува дека со руските партнери ќе успее да постигне некакво решение за да ја заштити енергетската безбедност на Србија, која е сериозно погодена од изменететите планови на Москва. Спорд Вучиќ, пропаѓањето на Јужен тек е „лоша вест“ за Србија и тој очекува од српските експерти да ги анализираат сите договори потпишани со Москва и да го советуваат за потезите што треба да се преземат во следниот период. Според досегашните проценки, Србија од запирањето на изградбата на гасоводот би можела да претрпи штета од неколку милијарди евра, а секоја година ќе губи и дополнителни 200 милиони евра само заради нереализираниот транзит на гасот низ српска територија. Според експертите, ова ја принудува земјата да бара нови можности за приклучување и стабилно снабдување со гас, енергенс од кој зависи вкупната економска иднина на државата. „Српската Влада треба сега да разгледа дали Русите можат да помогнат околу воспоставување на интерконекција со Бугарија, да делува проактивно на Азербејџан и да види со новиот Трансјадрански гасовод преку Турција и Грција што се споменува, дали може да се провлече крак кон српска територија“, советуваат српските експерти за енергетика.
Слично

Поврзани вести