Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ апелира да се избегнат немири во Бања Лука

Вучиќ апелира да се избегнат немири во Бања Лука

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ побара од политичките лидери на Босна и Херцеговина да спречат насилство на уличните протести закажани за 14 мај.

Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа приврзаниците на протести во Бања Лука,  пред локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава. Опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, а владејачката партија ги повика луѓето да  дадат поддршка на политиката на Владата.
Вучиќ вели дека, според разузнавачки извори, протестите би можело да бидат насилни.
„Не ни требаат конфликти. Мирот и стабилноста се клучни услови без кои Србија не може да има напредок“-изјави тој.
Ги молиме да се зачува мирот во Република Српска, бидејќи не ни треба било каков српско-српски судир. Една тепачка и после тоа никој не може ништо да зачува, објаснува Вучиќ.
Слично

Поврзани вести