Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучевиќ за фудбалската легенда Михајловиќ: Твоето лавовско срце ќе биде ѕвезда водилка

Вучевиќ за фудбалската легенда Михајловиќ: Твоето лавовско срце ќе биде ѕвезда водилка

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ изрази сочувство за смртта на фудбалската легенда Синиша Михајловиќ. Тој почина од леукемија. 

„Пријателе, прерано и неправедно нè остави и отиде во вечноста. Почивај во мир добар Миха и знај дека твоето големо, лавовско срце ќе биде ѕвезда водилка за генерациите што доаѓаат. Моето искрено сочувство до семејството“, вели Вучевиќ.

На 53-години почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.

Во 1999 година беше прогласен за најдобар фудбалер на Југославија, а за репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна 10 погодоци. Ги водеше тимовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан,Торино, Спортинг, а беше селектор и на Србија.

Слично

Поврзани вести