Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучевиќ го предупреди Курти дека ако прати полиција на северот од Косово ќе има тешки последици

Вучевиќ го предупреди Курти дека ако прати полиција на северот од Косово ќе има тешки последици

Доколку Курти испрати полицајци во северно Косово ќе има несогледливи последици, вели  српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ. 

Тој изјави дека обезбедувањето мир на Косово е „обврска на КФОР, а нивна процена е колку жива сила и оружје се потребни за тоа“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Гледаме на КФОР како фактор кој мора да ја заштити и гарантира безбедноста на сите граѓани во покраината. Посебно сега, по повлекувањето на Србите од институциите во покраината, да не му се дозволи на (Албин) Курти да испрати полицајци од албанска националност од југ да ги заменат српските полицајци. Тоа би бил пат со несогледливи последици“, изјави Вучевиќ за „Вечерње новости“.

Деновиве имаше тензии поради регистарските таблички, а неколку автомобили на косовски Срби беа запалени. Србија над Рашка собори дрон. 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека не верува дека во Париз ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти. 

фото: Твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести