Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор квартал: Раст на БДП, увозот пораснал повеќе од извозот

Втор квартал: Раст на БДП, увозот пораснал повеќе од извозот


Раст на вкупната економија од 3,1 процент измери Државниот завод за статистика во вториот квартал од годинава. Брутодомашниот производ (БДП) расте втор квартал по ред иако во првиот економијата испорача раст од 4,1 процент.

Во второто тромесечје има раст во повеќе сегменти. Финалната потрошувачка пораснала со стапка од 2,7 проценти, бруто инвестициите се зголемени за 11,1 отсто. Извозот номинално пораснал за 10,2 отсто, но и увозот има значаен раст, поголем од извозот или 10,6 проценти. 

Владата недамна објави дека е скроен ребаланс на буџетот, со ревидирање на стапката на раст на БДП од 3,2 проценти на 3,5 отсто. 

Минатата година македонската економија испорача раст од од 2,7 проценти. 


Слично

Поврзани вести