Економија, финансии, бизнис

Контакт

Второ читање на Законот за високо образование

Второ читање на Законот за високо образование

Собранието денеска ќе расправа за повеќе законски измени.

Владата подготвува измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка - II читање поднесени од Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Александар Николоски, додека на дневен ред ќе бидат и предлог законот за Предлог-закон за трансформација во редовен работен однос, по скратена постапка - II читање; Предлог - законот за изменување на Законот за високото образование, по скратена постапка - II читање; Предлог на Закон за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, по скратена постапка - II читање; (Поднесен од: Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Олга Најденовска, Марија Ангелова, Весна Дамчевска Илиевска, Сузана Секуловска, Благица Ласовска, Драган Данев, Светлана Карапетрова, Андон Чибишев, Зоран Илиоски, Трајчо Димков, Слаѓана Митовска, Благоја Деспотоски, Светлана Јакимовска) , Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка - II читање; Предлог - закон за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за одговорност на судија, по скратена постапка - II читање ;Предлог-закон за академијата за судии и јавни обвинители, по скратена постапка во второ читање.

Имено Со девет гласа „за“, со ниту еден „против“ или „воздржан“, собраниската Комисија за образование го изгласа предлог-законот за високото образование пред повеќе од еден месец, а пред недела дена пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара изменување и дополнување на овие законски измени.

На последната средба на која присуствуваа претставниици од Студентскиот пленум и УКИМ, ректоратот и претставници од Професорскиот пленум со претсавниците од Владада и МОН премиерот најави измени и доплонувања.

Слично

Поврзани вести