Вторник – најцрн ден за несреќи на работното место
Во 2013 година во Македонија се случија 98 несреќи при работа. Од нив 28 беа фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 4,08, односно на секои 100.000 вработени, загинуваат 4 вработени. Стапката на смртни случаи при работа се намалила во споредба со 2012 година, кога изнесувала 6,8, покажа Извештајот за несреќи при работа во 2013 во Македонија, кој веќе седма година само-иницијативно го изработува и публикува Македонското здружение за заштита при работа.
„Меѓутоа иако бележиме пад на стапката, доколку се земе за споредба Велика Британија, каде стапката изнесува само 0,5, ќе констатираме дека Македонија сепак има прилично висока стапка на фатални несреќи при работа“, соопштуваат од Здружението.
Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2013 година изнесува 10,2, што покажува дека на секои 100.000 вработени, се повредуваат 10 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 17,2, стапката на повреди за 2013 значително се намалила.
По градови, најголем дел од повредите на работно место се случиле во Скопје и Куманово.
По дејности, најмногу несреќи се случиле во дејностите на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби, а на второ место е градежништвото. Во делот на дејности на домаќинствата, исто како и во изминатите две години, најголемиот број на несреќи се случиле со земјоделска машина - трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Доколку овие лица биле регистрирани како земјоделци тогаш голем дел од овие несреќи би поминале во групата на земјоделство.
По денови, најголем број несреќи на работно место се случиле во вторник, а во тој ден најголем број од несреќите завршиле со смрт.
На денешниот Светски ден за безбедност и здравје при работа беа доделени Национални награди за добра пракса на безбедност и здравје при работа, организирани од МЗЗПР, во соработка со социјалните партнери. Целта на овие национални награди е промоција на добра пракса на безбедност и здравје при работа, подобрување на условите за работа во македонските компании, како и поттикнување на активности поврзани со превенција и контрола на ризици на работно место. Добитници се:
Империал Тобако ТКС
Мермерен Комбинат Прилеп
Пивара Скопје

Слично