Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вториот столб надмина 400.000 членови

Вториот столб надмина 400.000 членови

Во текот на повеќегодишното постоење на задолжителните пензиски фондови и со зголемувањето на бројот на вработени во Република Македонија, се бележи континуирано зголемување на бројот членови во вториот столб.

Зачленувањето на членовите во вториот столб е на редовна основа и бројот на членови заклучно месец ноември 2015 година надмина бројка од 400.000 членови.

Мисијата на МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

„Водејќи се од својата мисија, МАПАС е секогаш достапна за секое заинтересирано лице кое може да се обрати кај нас, секој работен ден за да добие информација во кој пензиски фонд е член или да постави прашања поврзани со неговите права кои произлегуваат од членувањето во пензиските фондови“, велат од компанијата.

Слично

Поврзани вести