ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД ВЕЌЕ СЕ АНАЛИЗИРА ВО ВЛАДАТА: Не ги дал потребните резултати
Новоназначениот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, во гостување на ТВ Сител, говореше за проблемите со вториот пензиски столб.
Тој истакна дека некој пред дваесетина години дека вториот пензиски фонд ќе даде добар ефект на пензиите на пензионерите во Македонија. Меѓутоа, очигледно е дека првите 150 пензионери оваа година, како први по воведувањето на оваа мерка, со она што го штеделе, недоволно им се оплодиле средствата за да имаат добри пензии од вториот столб. За првиот е загарантирано, се одвојуваат средства приближно 46 проценти, или повеќе од 2 и нешто милијарди месечно се загарантирани по устав.
„Вториот фонд веќе добар период се анализира во владата, има комисија што е формирана од страна на Владата составена од експерти и од лица вработени во министерствата за финансии и труд и социјална политика, од ПИОМ и со нивната стручност во текот на целото работење да ги дадат потребните анализи и да видиме што понатаму со вториот пензиски столб“, рече тој.
