Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вториот бран на коронавирусот „удри“ по економијата во еврозоната

Вториот бран на коронавирусот „удри“ по економијата во еврозоната

Вториот бран на коронавирусот ќе „удри“ по економијата, при што во еврозоната ќе има пад за 2,7 проценти во четвртиот квартал. 

Со ваква проценка излезе германскиот економски институт ИФО, швајцарскиот КОФ и италијанскиот завод за статистика. По наглото закрепнување во третиот квартал, економската активност повторно ќе се намали во четвртиот квартал поради новите мерки за затворање. Бруто домашниот производ (БДП) на 19-члената еврозона се „стопи“ за 11,7 проценти во вториот квартал од претходните три месеци и порасна за 12,5 проценти во периодот од јули до септември. Главниот двигател на закрепнувањето на економијата е потрошувачката на домаќинства.

Унгарија, Романија и Бугарија имаа најголем економски пад на квартално ниво, беше објавено во август.  Британија тогаш излезе од рецесија. 

Имаше и прогнози кои говореа дека ваква економска криза во Европа немало од Втората светска војна. 

Слично

Поврзани вести