Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОРАТА ДОЗА НА СПУТНИК V МОЖЕ ДА СЕ ПРИМИ ПО ТРИ МЕСЕЦИ: Најново истражување на институтот „Гамалеја“

ВТОРАТА ДОЗА НА СПУТНИК V МОЖЕ ДА СЕ ПРИМИ ПО ТРИ МЕСЕЦИ: Најново истражување на институтот „Гамалеја“

Последното истражување на Институтот „Гамалеја“ покажува дека втората доза од вакцината Спутник V може да биде аплицирана кај луѓето и по три месеци, наместо по три недели како што е досега. За ова, информираше министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ кој е во официјална посета на Москва, по средбата со рускиот заменик-министер за здравство Сергеј Глаголиев.

Ова е добра вест за целиот свет, бидејќи тоа ќе го забрза производството и дистрибуцијата на вакцини, а со тоа и имунизацијата на населението, сметаат Поповоиќ и Глаголиев.

-Докажано е дека зголемувањето на интервалот помеѓу првата и втората доза не влијае на јачината на имунолошкиот одговор, а во некои случаи дури ја зголемува силата и го продолжува имунолошкиот одговор на вирусот корона, велат од Кабинетот на министерот Поповиќ.

Министерот Поповиќ, кој е и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија, изјави дека информациите му ги испратил минатата недела директорот на рускиот институт Гамалеја, Александар Гинзбург и дека тоа било потврдено денес на состанокот со Заменик министер за здравство на Русија.


Слично

Поврзани вести