Втора жртва на грипот
На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починал маж на 81-годишна возраст, како последица на компликации од сезонски грип. Уште осум пациенти во тешка клиничка состојба се хоспитализирани на Одделот за интензивна нега.
Починатиот боледувал и од дијабет и други хронични заболувања, информираше директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ.
„Ова е вториот случај во Македонија што завршува со фатален исход. Грипот е особено со висок степен на смртност и на глобално ниво се регистира особено кај лицата од возрасна популација, над 65 годишна возраст“, рече Миленковиќ, кој упати апел во периодите на вакцинации од грип да се води сериозна грижа за лицата од возрасната популација да бидат заштитени со вакцина.
Од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести пред две недели почина жена.
Слично
