Втора пауза за консултации – лидерската ќе даде одговор за изборите
По три часа откако почна лидерската средба, лидерите на партиите втор пат земаа пауза за консултации.
На денешната лидерска средба партиите потписнички на Пржинскиот договор треба да одлучат дали се исполнети условите за избори на 11 декември. Тие ќе оценат дали она што беше договорено на 20 јули е исполнето.
На лидерската присуствува амбасадорот на САД, Џес Бејли, и двајца претставници на Делегацијата на ЕУ.
Ад хок телото за медиуми иако досега требаше да биде формирано, сепак не е избран последниот член Албанец. Оваа тема ќе се отвори и на лидерската.
Според изјавите на партиските челници деновиве, услови за избори во декември има. Одлуката за тоа ќе се знае по лидерската.
Слично
