Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОРА НОЌ ПОД АКАДЕМСКИ КРОВ: Револуција на умот, наспроти уназадено образование!

ВТОРА НОЌ ПОД АКАДЕМСКИ КРОВ: Револуција на умот, наспроти уназадено образование!
Втора ноќ под академски кров: студентите живеат ист сон-едукација, креативност, солидарност за подобро и поквалитетно високо образование! Студенти од Музичката Академија пеат, глумците играат, правниците и филозофите гласно дебатираат, секој си има свое катче. Вака помина и втората вечер од окупацијата на дел од факултетите. Студентите се се поединствени. Велат, овие денови живеат ист сон, имаат  исти желби-да се чуе нивниот глас и аргументирани ставови за подобро и поквалитетно високо образование. Иако надлежните минатиот месец го донесоа Законот за високо образование, а само пред два дена ги усвоија  неговите измени и веќе в понеделник бараат средба  за отворање на дијалог, не ги поколебаа студентите да останат истрајни во намерата целосно да се повлечат решенијата и да се направи сосема нов закон под лупа на студентите и професорите. Никола Сотировски од Правниот факултет,   мината ноќ ја помина со своите колеги. Тој за Фактор вели дека пленумци успеваат максимално да ја пренесат позитивната атмосфера од факултетите, која наиде на голема поддршка. Ова според него е еден вид на тест за да си докажат себеси, а и на јавноста дека доколку се заедно,единствени, сигурни и одлучни, можат  да постигнат  многу. “Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа околу се' она што се случува на факултетите. Реакциите од пошироката јавност се на високо ниво, бидејќи за прв пат увидоа како студентите би сакале да изгледа нивното образование и за прв пат видоа студенти кои се одлучни да ги бранат универзалните вредности на академската заедница.Бидејќи започнавме ,,тренд,, на делување и активирање на студентите во поновата историја на Македонија, одлучивме да се организираме на ваков начин за да покажеме дека сме силни, истрајни и подготвени да ги искажуваме нашите аргументирани ставови колку и да е потребно, се додека не се исполнат нашите цели. Конкретно околу организација, реализација и одговорностите околу овој начин на делување, создавањето на слободната автономна зона бараше многу работа и енергија што во принцип беше позитивно, бидејќи голем дел од студентите ни се придружија”-вели студентот Сотировски. Прогресивното растење на гневот на студенти според него е  поради  константно лошите  реформи во високото образование. Ретерирањето или омекнувањето на ставовите на Владата, вели, нема да влијае врз нив и нивните ставови. Студентите, додава,  ќе продолжат  да се борат  за подобро високо образование и нов закон кој би го гарантирал претходното. 10984915_10153038960027380_57204099_n “Пленумот по новонастанатите околности за идните чекори ќе одлучува на Генерален Пленум.Она што е важно работните групи да се движат во одреден временски формат се со цел да се дојде до нов ЗВО пред одложното дејство на Законот да помине и спорните законски измени повторно да стапат на сила. На крајот, тоа што Владата ретерираше не е само во контекст на пошироката политичка состојба, туку и на нашите аргументи кои ниту еднаш пред да се донесе Законот не беа побиени јавно или преку писмо од МОН или од Владата. Така да, нашиот гнев нема да стивне се дури проблемите не се решат”-потенцира Никола Сотировски од Студентскиот пленум. Иако првично власта експресно и без јавна дебата ги донесе пакетот закони меѓу кои и оној за високо образование, сега одложувањето на спорните законски измени, според студентите  е само прв чекор од мораториумот. Следниот чекор е велат, отпочнување на постапка за пишување на нов Закон за  на крајот да се стигне до нов Закон кој ќе го дерогира или ќе го стави вон сила стариот, во кој  спаѓа и државниот испит. “Надлежните сфатија дека државниот испит е неспроведлив и не прифатлив бидејќи високо-образовниот процес не може да биде оценет на пет прашања од чии одговори ќе се бара минимум знаење. Освен тоа на 10 000 наставни програми дури ниту фантастично високите надоместоци на членовите на Одборот за акредитација и евалуација не е возможно да го ,,наполнат,, базенот со прашања”-додава Никола Сотировски. 10966632_10153038960427380_1884653653_n Окупацијата на факултетите според студентите од Пленумот  останува се дури студентите не добијат гаранција дека она што ќе се изготви како нов Закон навистина ќе биде имплементирано.  Оттаму потенцираат  дека  бараат  да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и ресорното министерство која ќе опфаќа  загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон, со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи, како и формирање на работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, со рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот. Досега студентите ја добија подршката од Професорскиот, Наставничкиот пленум, граѓани  но и од многу свои колеги од земјава и надвор. Единствено против нивната окупација се огласи Студентскиот парламент, кој според пленумците сеуште функционира како нелегитимно тело  со поминат мандат. Тие веруваат дека студентите по решавањето на овие проблеми во високото образование ќе почнат да делуваат и на други полиња кои ги мачат нивните колеги. Довербата на оние кои толку силно ги поддржуваат, ветуваат дека  ќе ја оправдаат  со тоа што ќе продолжат  со својата креативност, разум, аргументи и академски дискурс, кои  ги одликуваат од самиот почеток. Студентскиот Пленум, потенцира студентот од Правниот факултет Никола Сотировски кој своите ставови за Фактор ги испрати токму од факултетскиот студентски слободен простор,  ќе ја продолжи својата борба за подобар и инклузивен високообразовен систем. С.Б.
Слично

Поврзани вести